Skip to content

Следете онлајн од било каде на 23 / 24 Ноември

Skopje Photo Week 2020

Учествувај во Фото Предизвик и пробај да освоиш награда од 50.000 денари.

Кога?

23 Nov- 24 Nov

Понеделник - Вторник

Каде?

Online Event

За Нас

Скопје Фото Недела од 23-24 November 2020.
“Skopje Photo Week”(Скопје Фото Недела) е 5 настан по ред во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент (Полска) кој се одржува традиционално секоја година. Изминатите настани беа одржани под името (ISPV)-International Summit of Photographers & Videographers, овој пат со ново име и концепт Skopje Photo Week(SPW2020). Петта година по ред, Скопје е домаќин и инспиратор на најдобрите фотографи, чија инспирација ги отвора новите хоризонти на дигиталната уметност. 

51668619_549564838855067_3912987997208838144_o.jpg
51918259_549564958855055_1292395138705784832_o

Четири години ги носиме најдобрите иновативни фотографи и видеографи од светот во Македонија, разменуваме искуства, учиме нови техники, ги подобруваме постоeчките. Ја користиме имагинативноста да создадеме дела кои го врамуваат делчето од времето и просторот и создаваат приказна која ќе трае и ќе сведочи низ децениите.

 

Оваа година во значително изменето издание, почитувајќи ги мерките зазаштита од ковид-19 внесуваме енергија во сивото секојдневие и монолитноста која ја предизвика планетарната криза. Овој есенски самит ќе го реализираме благодарение на современататехнологија (Online) а алатките ќе бидат инспирација за создавање на органско искуство на сите учесници.

Говорници

AniDimi portret

Ani & Dimi

Photographers

Ани и Дими се фотографски тим од Скопје кои веќе 14 години работат во полето на портретната, магазинската, модната и комерцијалната фотографија. Нивните фотографии се дел од бројни насловни страници, модни едиторијали и рекламни кампањи во Македонија, а во последните неколку години се фокусирани и на сток фотографијата. Во текот на кареирата имаат соработувано со списанијата 1E и Unique како главни фотографи, а имаат работено на кампањи за бренодви како Алкалоид, Oriflame, Mango, Златен Даб, Timberland, Кокев, Бовин, Bitsiani, ВИП, Бекутан и EVN.

two clicks

Two Clicks

Photographers

Тимот на Two Clicks започнува со својата работа пред 8 години. Низ годините прераснува во препознатлив бренд на уметничка свадбена фотографија. Фотографирајќи, уживаат да создаваат емотивни и неповторливи приказни од секакви семејни свечености, секогаш подготвени за вистинските и најинтимните моменти. Она што ги прави навистина среќни во својата работа се големиот број на задоволни клиенти.

Goran 3D Baba portret

3D Baba

Wedding cinematographer

Основач на Baba 3D Studio Wedding Photography & Cinematography . Артист со широк опус на продукциско и постпродукциско работење 3Д анимирање но специјализиран за свадбено видео и фотографија. Препознатлив стил на работа признаен од европската асоциијација за свадбено видео и оценет со висок рејтинг на истата . Наградуван повеќе пати за најдобро свадбено видео Love Story , 3-то место во Европа , 2-ро место на Балканот . Член во интернационалната жири комисијата за оценување на националниот натпревар за свадбено видео во Романија . Богато свадбено продукциско искуство наталожено низ годините од преку 1200 свадби.

Kiki portret

Kristijan Teodorov

Cinematographer

Почнува официјално да се занимава со фотографија во 2008 година како фотограф на концерти. Станува се подобар во неговата работа па Почнува како официјален фотограф на сите најголеми македонски фестивали како на пример Таксират, Аларм, Пиволенд, Виноскоп, Баскерфест и многу други. Исто така повеќе од 5 години е официјален фотограф на Ред Бул за Македонија. Работи и за многу други брендови како Марлборо, Скопско, Хајникен, ЕВН, Џек Даниелс, Јегер, Кока кола, Синалко, Дормео, Касио, Опера и балет, Авон, Сити мол, Бела, Макпримат и многу други.

Vlatko portret

Vlatko Rafeski

Photographer

Љубов кон фотографија долги години, од аматерски пристап па се до посериозна фотографија во последните 5 години во полето на Landscape фотографија како и астрофотографија. Учествувано на Nikon 100 конкурс на Балкан со избор на фотографија во топ 100. Учество на бројни изложби и публикуван во голем број печатени и електронски магазини.

Tomi portret

Tomislav Georgjiev

Photographer

Интерес за фотографија уште во школски денови, почнува да работи како фото новинар во неколку студентски магазини по што продолжува да работи за „Фокус“ до денешен ден. Постојано се подобрува на полето на фотографијата, завршува 3 годишен World Press Photo семинар и семинар на Missouri University. Неговата работа е публикувана во светски позанати весници како „Sunday Times“ „Le Monde“, „Financial Times“ „Der Spiegel“. Учествува на бројни заеднички изложби во Сараево, Загреб, Виена, Берлин.

Галерија

Агенда

23-ти Ноември

15:00 Отварање на самитот (Фотографија во време на корона)

16:00 – 17:15 Томислав Георѓиев – Фотожурналист

Тема: “Каде што улиците немаат име”

18:00 – 19:15 Влатко Рафески –  Пејсажен Фотограф

Тема: “Креирање на атмосфера во пејсажна фотографија”

20:00 – 21:15 Кристијан Теодоров – Кинематограф

Tема: „Моќта на светлината“

24-ти Ноември

16:00 – 17:15 АниДими – Портрет Фотографи

Тема: “ Студиски портрет – фоткање во живо”

18:00 – 19:15 Two Clicks – Свадбени Фотографи

Тема: “Уметноста во свадбената фотографија”

19:45 – 21:00 Горан Попaтанасович / 3D Baba – Кинематограф

Тема: “Свадбено видео во прво лице еднина”

21:30 Затварање на самитот и прогласување на победниците
 од конурсот за најдобра фотка од Скопје.

Спонзори

Ministerstvo za Kultura
LOGO_UNIVERZALNA_SALA
LOGO_Skopje
Asset 4
Asset 1
Asset 3
Asset 2