Skip to content

Фото Предизвик

601-985-7959
@artbees
601-985-7959

Skopje Photo Week објавува Конкурс за избор на најдобра фотографија на тема „Скопје од мој алтернативен агол“.

 

Мотивот на овој Конкурс е препознавањето на местата и луѓето во Скопје од интимниот агол на секој автор, односно прикажување на градот од различни аспекти кои може, но не мора да вклучуваат архитектонски обележја.

 

Skopje Photo Week ги повикува сите кои сакаат да учествуваат – професионалци и аматери, на Конкурсот да испратат до 3 свои фотографии, согласно утврдените критериуми:

 

  1. Фотографијата мора да е авторско дело на испраќачот,
  2. Еден автор може да испрати максимум 3 (три) фотографии,
  3. Фотографиите не треба да бидат постари од 2 години (2019 и 2020),
  4. На фотографијата не се дозволени визуелни манипулации, освен корекција на форматот (crop), корекција на светлина, боја и контраст (основни панел алатки во Photoshop и LightRoom),
  5. На конкурсот се прифаќаат и црно бели и фотографии во боја,
  6. Мотивите на фотографиите мора да се фотографирани во Скопје и околните знаменитости,
  7. Доставените фотографии да се во дигитален .jpg формат, со 300 dpi резолуција,
  8. Минималната резолуција на фотографијата да не е помала од 2000 пиксели на подолгата страна,
  9. Метадатата мора да биде зачувана (доколку нема мета дата фотката е дисквалификувана),
  10. Име, опис и локација на фотографијата, како и користена опрема при фотографирањето,
  11. Дозволено е користење на долга експозиција,
  12. Не е дозволено поставување на било какво лого или дигитален потпис на самата фотографија.

Фотографиите кои ќе бидат избрани во потесниот круг да ги чуваат оригиналните фајлови.

 

Изборот на најдобрите фотографии ќе го изврши жири чии членови се овогодинешните говорници, како и претставници на Град Скопје.

 

20 од избраните фотографии, вклучувајќи ги и наградените фотографии, ќе бидат презентирани на дигитална изложба на самиот настан Skopje Photo Week на 24.11.2020.

*Важно: за сите пријавени фотографии, Град Скопје го задржува правото на користење на истите за промотивни цели на градот.

 

На конкурсот ќе бидат доделени три награди и тоа за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 25.000 денари и трета награда 15.000 денари.

 

Предвидена е и специјална награда за најдобра Инста фотка од 10.000 денари објавена на хаштагот #SPW2020 (Напомена: фотографиите мора да се направени во 2020 година, користејќи ја камерата на вашиот мобилен телефон, фотки без мета дата нема да влезат во изборот)

 

Фотографиите да се достават на следната е e-mail адреса contact@skopjephotoweek.com најдоцна до 20.11.2020